Ме пречекуваш со збогум
42, Македония

Ме пречекуваш со збогум
и раце ширум отворени.
Ми велиш: „Јас сум овде
само една ноќ“.

Те помирисувам. Опојно, вртоглаво ме заведуваш. Ме кутнуваш в постела. Ми говориш тајни кои веќе одамна ги знам. Размислуваш како да заминеш, добро знаеш дека јас и натаму ќе чекорам подгрбавен, со нелогично тежок ôд, секојпат штом ќе се задлабочам во некои далечни мисли. Засекогаш ќе ги пренагласувам ч, џ, ш, кога ги објаснувам своите чудни теории....

Ме пречекуваш со збогум
и раце ширум отворени.
Ми велиш: „Јас сум тука
само еден здив“.

56 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут