Плавуша и компјутер
Како се познава кога плавуша брише фајлови?
На мониторот има траги
од гума.
Плавуша и овчар
Со една плавуша многу се шегувале дека е глупа и таа решила да си ја
бојадиса косата црна. Еден ден се возела со автомобилот и видела стадо
овци. Застанала и му рекла на овчарот:
- Ако погодам точно колку
овци има во стадото, ќе ми дадеш да си изберам една овца.
Овчарот се
согласил.
Таа рекла без размислување:
- 54!
Овчарот се
изненадил од точниот одговор.
Плавушата рекла:
- Си го бирам
тоа разиграното јагненце. Го зела и го однела во автомобилот.
Овчарот
ја погледнал и рекол:
- Ако ја погодам вистинската боја на твојата
коса, ќе ми го вратиш ли кучето?
МУЈО И ХАСО
Испит
Си биле Мујо и Хасо и полагале испит.
Прв влегол Мујо и професорот му ги поставува следниве прашања:
1.Кога било Илинденското Востание?
-1903 одговорил Мујо.
2.Кој ја создал глаголицата?
-Кирил почнал,Методиј завршил,одговорил Мујо.
3.Дали постојат вонземјани?
-Се верува, но не е докажано,одговорил Мујо.
Мујо ти положи му рекол професорот .Мујо излегол и му ги кажал сите одговори на Хасо и Хасо влегол.
1.Кога си роден? Прашува професорот.
-1903, кажал Хасо
2.Кој те направил? Прашал професорот.
-Почнал Кирил, Методиј завршил, одговара Хасо.
3. Да не си ти ЛУД?
-Се верува, но не е докажано, рекол Хасо.
Henüz hiç yorum yapılmamış.
Yorumunu bırak, tartışmaya başla!