ПРАВИЛА ШТО МАЖИТЕ БИ САКАЛЕ ЖЕНИТЕ ДА ГИ ЗНААТ!
36, Skopje, Macedonia

еве само неколку :

- Понекогаш не зборуваме. Не го сфаќај тоа лично.

- Не веруваме кога ќе кажеш дека парите не ти се важни.

- Ако нешто чеша, ќе биде почешано.

- Ако носиш вондербра со отворено деколте, немаш право да се жалиш што ти зјапаат во гради.

- Ако нешто што сме рекле може да се сфати на два начина, од кој едниот те прави тажна или лута, тогаш мислевме на тој другиот.

- Не дека не сакаме да те направиме среќна, само што, понекогаш не знаеме како.

- Имаме потреба да вегетираме.

- Ние не одиме на шопинг. Кога ни треба нешто, ние го купуваме.

- Забележуваме други жени, заради тоа што сме мажи и што сме живи. Ова не значи дека ќе те оставам и одма дека ќе скокнам на нејзе.

- Земи воздух некогаш, за да може и ние да кажеме некој збор.

- Нашата омилена маица не е срамна. Таа ја покажува нашата лојалност кон омилениот спортски тим, омиленото пиво, омилениот одмор или бројот 23.

- Беспомошно не е еднакво на слатко.

- Премини на главното.

- Сфати дека мажите можат да прават само една работа во еден момент. Затоа немој да му зборуваш на маж додека прави нешто. Или ќе те игнорира (бидејќи искрено не те слуша), или ќе го заебе тоа што го прави бидејќи си му го одзела вниманието. Исклучок на ова правило. Прекини го мажот ако нешто гори, ако некому му треба итна медицинска помош или ако има итен случај за кој е потребен херој.

- Не може да се жалиш дека нема останато добри момци, додека се уште некои од нас се слободни.

- Ако прашаш "Дали мислиш дека е поубава од мене?" може да одговориме и со "Да." Што планираш да сториш тогаш?

- Не очекувај дека дури и одлична врска ќе ти ги реши сите проблеми. Само заради тоа што некој те сака, не значи дека твојот целулит, твојот долг на картичките или твоето лошо расположение ќе исчезнат. Тие се ТВОИ!

- Ние не би носеле штикли за да ве импресионираме.

- Ако сакаш нешто да забележиме, помогни ни, дај ни хинт, нешто како "Денес бев на козметичар."

- Скриј ги книгите за само помош, не прават нервозни.

- Веруваме дека нашите физиолошки потреби се целосно нормални и понекогаш и стварно забавни.

- Кога ќе видиме слика од Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џоунс, се чувствуваме горди што сме мажи. Не ни е гајле, што не е фер.

- Научи да управуваш со даската на вц шолјата. Ако е дигната, спушти ја.

- Ако поставиш прашање на кое искрено не сакаш одговор, очекувај одговор кој не сакаш да го чуеш.

- Некогаш, не мислиме на тебе. Научи да живееш со тоа.

- Немој да не прашуваш на што мислиме во моментот, освен ако не си подготвена да разговараш на теми како процесори, мотори на коли и фудбалски формации.

- Недела = спорт.

- За нас пивото е подеднакво забавно како што за вас се чантите.

- Ако треба некаде да одиме, ама што и да имаш облечено е во ред. Стварно.

- Имаш доволно облека.

- Имаш премногу чевли.

- Плачењето е уцена.

- Твојот бивш е идиот.

- Побарај што ти треба. Да се разбереме нешто: суптилни сугестии не помагаат. Силни сугестии не помагаат. Стварно очигледни сугестии не помагаат. КАЖИ ШТО ТИ ТРЕБА!

- Не, не знаеме кој ден е. Никогаш нема ни да знаеме. Обележи ги сите годишнини на календар што знаеш дека го проверуваме.

- Не читаме мисли и никогаш нема да читаме. Нашиот недостаток од телепатски способности не е доказ дека не се грижиме за тебе.

- Најголем дел од момците имаат три пара чевли. Како очекуваш да ти помогнеме да одбереш кој од 30-те пара чевли ти стои добро на фустанот.

- Да и не, се перфектно прифатливи одговори на речиси секое прашање.

- Дојди само со проблем само ако сакаш да ти помогнеме да го решиш. Ако сакаш симпатија и сожалување, за тоа служат другарките.

- Немој да се преправаш. Повеќе би сакале да бидеме неефикасни, отколку измамени.

- Не е ниту во твој, ниту во наш интерес, заеднички да решаваме некој квиз.

- Не е важно кој квиз.

- Се што сме рекле пред шест месеци нема легитимитет во караница. Сите коментари престануваат да важат после седум дена.

- Ако не сакаш да се облекуваш како девојките од Викторија Сикрет, немој од нас да очекуваш да се однесуваме како момците од филмовите.

- Можеш или да побараш од нас да направиме нешто или да ни кажеш како треба да биде направено. Не двете.

- Кога е можно, кажи што имаш да кажеш за време на рекламите.

- На Кристофер Колумбо не му требаа инструкции, не ни требаат ниту нам.

- Нашата врска никогаш нема да биде како во првите два месеца.

- Мажите гледаат ограничен број на бои. Праска е овошје, не е боја.

- Истото важи и за диња.

- Ако прашаме што е проблемот и речeш "ништо," ќе се однесуваме како да нема проблем.

33 skatījumu
 
komentāri
Marija91ve 11.12.2009

- Твојот бивш е идиот ,, е воа скоро 99.8% од машките го кажуваат..
жално но вистинито
позз

Ljubisa20 Ljubisa20 04.12.2012

ne mora da znaci isto kako sto i vie devojkite ne ni gi sakate nase bivsi taka i nie mazite ne ni e seedno koga se raboti za vasite bivsi... pozz

Blogs
Blogi tiek atjaunināti katras 5 minūtes