Како настанала песната "Ѓурѓевдан"?
36, Skopje, Macedonia

Повеќето од нас сигурен сум дека ја слушнале оваа песна, која своевремено во осумдесеттите била и хит на овие простори, но многу мина од нас посебно од помладата генерација не знаеме всушност како настанала истата. Се започнало далечната 1942 година на 6-ти мај на едно студено утро во Сараево. Полицајците им наредиле на ИТЗ да ги подготват заробените Срби. Во четири часот наутро во градот колони на затворениците од Јајце касарната и другите затвори ги собрале на железничката пруга во Сараево.

На патот кон казамати, затворениците во вагони без храна и вода почнале да паѓаат во криза од страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив за кој се вели дека бил член на Сараевска “СЛОГА” од гордост и инает, запеал … Ова го тврди новинарот Вукашин Беатовиќ.

Колоната се протегала околу три илјади каде што претежно имало млади луѓе. Меѓу нив имало и домаќини заедно со нивните синови, како и муслимани кои ги поддржувале Србите или се изјасниле како Срби. Чуварите извикувале “Како сте Срби? Ве носиме на бесплатна екскурзија во Јасеновац”.

Возот на свети Ѓорѓија од Сараево отиде во Јасеновац. На патот кон казамати, затворениците во вагоните без храна и вода почнаа да паѓаат во криза на страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив запеал ” Пролече на моје раме слече – џурџевак зелени – свима осим мени “

Поради песната чуварите ги затвориле вратите од вагоните, а затворениците останале без воздух во тесните вагони стиснати еден до друг. Од три илјади колку што тргнале од Сараево до Јасеновац стасале само две илјади, а стотина од нив успеале да ја преживеат тортурата. Благодарение на оние кои го преживеале возот на смртта денес се знае за овој настан.

Под импресија на оваа приказна, Горан Бреговиќ ја направил песната ”Ѓурѓовден”. Песната оттогаш стана глобален хит која се пее на повеќе јазици. Но, многу малку денес знаат за позадината на оваа песна, за возот на смртта и судбината на овие луѓе.



90 skatījumu
 
komentāri
Beasts 06.05.2013

*THUMBS UP* *BYE*

Ljubisa20 Ljubisa20 06.05.2013

*HI* *ROSE*

evropeec 06.05.2013

lele celiot se naeziv :(

Ljubisa20 Ljubisa20 07.05.2013

toa e toa mnogu cesto ubavite raboti za nas se opisuvanje na necie stradanje :-$

Blogs
Blogi tiek atjaunināti katras 5 minūtes