Svetot posle Aleksandar Makedonski
33, Bitola, Macedonia

На прво место Александар го направил достапен за колонизација целиот
Исток. Дошло до судир на цивилизациите од истокот и западот.
Биполарноста тотално се изгубила и била наметната една нова
космополитска култура во најширока смисла на зборот.Александровата империја често се нарекува и Империја во движење. Со
него оделе голем број научници, етнолози, метеоролози, наутичари,
географи, топографи, хидролози, рудари, геолози, ботаничари итн, итн.
Тие луѓе преземале илјадници научни експедиции со кои го зголемувале
светското научно културно-цивилизациско богатство, вредности и знаење.

Затоа, научниците Александар, го нарекуваат еден од најголемите истражувачи во светската историја.

Потфатот на Александар е единствен во целокупната човекова историја и
тоа не само според пространствата што ги зазел и бројноста на народите
што влегле во неговата држава, туку и поради мирот и благосостојбата
што владееле во негово време.

Тоа можел да го постигне благодарение на неговото прагматично владеење
и неговиот прагматичен однос кон покорените народи. Кон нив се
однесувал како законски владетел, а не како окупатор, што се гледа од
прифаќањето на ахајменидскиот дворски церемонијал во комуникација со
источните народи. Тоа особено го постигнувал со политиката за соработка
со локалната елита, која ја вклучувал во власта дури и по цена на
незадоволството на неговите Македонци.

Политиката за соработка и вклучување на месното население особено на
персиското благородништво во администрацијата бил еден од
најоригиналните и најпресудни елементи за одржување на власта на
Александар. Александар не владеел со меч. Владеел прагматично и мудро.
Ако владеел со меч неговата војска брзо ќе беше покорена и неговата
империја распадната.

Последиците од прагматичната политика на кралот се чувствувале и по неговата смрт:

- Немало одметнување на домородните сатрапи;

- Немало побуни кај покорените народи;

Тука е исклучок само бунтот во копнена хелада (Ламиската војна), раширен и низ Хелените кои биле населени во горните сатрапии.

Александровите сфаќања овозможиле да води политика првенствено во
служба на државата и народот кој живеел во неа. Некои научници ја
нарекуваат монархија од просветен тип.

Освен во уредувањето на својата империја Александар посветувал големо внимание и во културата.

Градел нови храмови, ги обновувал и старите персиски и месопотамски,
приредувал културни манифестации, натпревари, театарски претстави итн
итн.

На тој начин придонел за мешање на староисточните и западните култури,
кои почнале да се надополнуваат и проникнуваат во една нова култура
која имала за цел развој на целокупната светска цивилизација.

Александар бил првиот што почнал да ги брише предрасудите помеѓу
луѓето, та дури и меѓу луѓето и боговите. Обичниот човек е се
позастапен во уметноста, така што може да се каже дека Александар ги
избркал боговите од уметноста.

11 skatījumu
 
komentāri

Pašlaik nav neviena komentāra
Atstāj komentāru, un uzsāc diskusiju!

Blogs
Blogi tiek atjaunināti katras 5 minūtes