Младоста е радост на животот; радоста е вечната младост на духот. – Ниево
Не почнувајте да лажете, бидејќи засекогаш можете да го изгубите чуството за вистина. – Девондел
Тајната на успехот е навистина во постојаноста на намерата. –Дизраели
Вистинскиот успех се постигнува со една единствена добра карактеристика: искрената скромност. – Де Сика
Чудно е колку малку е поитребно да бидеме среќни, но уште почудно колку често токму тоа малку ни недостасува! - Иво Андриќ
Најсреќен е оној човек кој направил среќни други луѓе! –Дидро
Вистинската тајна на среќата е во тоа, многу да бараме од себеси, а многу малку од другите. Алберт Гордон
Држи ја среќата како птица –
што понежно и полесно! Ако се чуствува слободна, со задоволство ќе ти
остане во раката. -Фридрих Хабел
Како луѓето можеме да ги направиме среќни ако не ги направиме морални и мудри ?! –Кант
Кон среќата треба да се
однесуваме како кон здравјето: да уживаме во неа додека е добра и да
бидеме стрпливи кога е лоша. -Ла Рошфуко
Немаме право да уживаме во
среќата ако не ја делиме со другите, токму како ни во богатството ако и
за другите не го произведуваме. – Бернар Шо
Прави го тоа со што ќе станеш достоинствен за да бидеш среќен. –Кант
Слободата е независност, среќата е зависност од илјада ситни ситници. –Исидора Секулиќ
Среќен е мудриот човек, бидејќи во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средениот образуван дух. – Мантегаца
Убавината е верување во среќата. – Стендал
Човечката убавина трае онолку колку што човекот умее да ужива во неа. –Чернишевски
Оној кој самиот себе се лаже,најлесно се навредува. –Достоевски
Незнаењето е поблиску до вистината отколку предрасудите. – Дидро
Кога вистината ке почне да се движи, ништо не може да ја запре. -Емил Зола
Најдобар знак за вистината е едноставноста и јасноста. Лагата секогаш е замрсена, накитена и речита. –Толстој
Ниту во староста не сме заштитени од љубовта, бидејќи љубовта ни обезбедува поубава старост. -Андрија Грозбергер
Добрината е мудрост, а можеби и
највисока мудрост. Луѓето не се добри само затоа што се мудри, туку се и
мудри затоа што се добри. –Лорка
Лесно е да се биде паметен за другите, отколку за самиот себе. – Ла Рошфуко
Нема лудило од кое човек не може да се извлече, освен од суетата. -Жан Жак Русо
Не е тешко да се биде добар, тешко е да се биде праведен. –Виктор Иго
Пријателството е една душа од две тела. –Аристотел
Пролетта е време на љубов. Затоа на среќните целиот живот им е пролет. -Емил Зола
Голема е силата на човекот кој умее да премолчи и тогаш кога е во право. –Катон
Не прави на друг она што несакаш другите да ти го прават тебе. –Конфучие
Се може да се биде, најтешко е човек да се биде.
Способноста за отстапки човекот го прави благороден.
Големината е во тоа, кога незнаеш нешто да си признаеш, дури тогаш почнуваш да учиш.
Искреноста е увереност дека ја зборуваме вистината.
Добрите луѓе се среќа на овој свет.
Човекот треба да се врзе со пријателство и љубов.
Паметниот човек дозволува да го лажат, но не и да го излажат.
Добриот карактер повеќе вреди отколку убавото лице.
Оној кој зборува само убави зборови има лош карактер.
Само големиот човек си ги признава грешките.
Оној кој сака непрекинато да биде среќен, треба често да се менува.
Бидете среќни каде и да сте, не постои пат до среќата, среќата е пат.
Ако не си среќен со она што го имаш, нема да бидеш среќен и кога ќе имаш повеќе.
Без причина човек може да се насмее, но не и да заплаче.
Реката се запознава со пливање, а човекот во разговор.
Капка вода која ќе падне на
вжештено железо, ќе испари. Истата капка, ако падне на цвет, ќе стане
какоп мониста, а ако падне на школка, ќе стане бисер! – така и човекот,
станува она со што ќе се здружи.
Човекот може се, само ако сака.
Не е страшно, ако она што треба да го направиме денес, го одложиме за утре, страшно е, ако тоа не го направиме ни утре.
Човекот не се мери со лакти, туку со памет.
Не е срамота да не знаеш, срамота е да не дознаеш.
Не е срамота да паднеш, срамота е да не станеш.
Голема вештина е да умееш да разговараш со човек.
Луѓето кои мразат, тоа се најпрво глупавите, потоа страшливите, но никогаш хероите.
Молчењето е украс на паметниот, а маска на глупавиот.
Среќата е задоволство на духот.
Вечноста на човекот е во љубовта.
Се додека е љубен, човекот останува млад.
Љубовта не е чудо но прави чуда.
Љубовта е среќа која си ја даваме еден на друг.
Големите срца сакаат, малите бараат да бидат сакани.
*THUMBS UP* *THUMBS UP* *THUMBS UP*