Ќе дојде ли тој ден...???
58, Skopje, Macedonia


Ќе дојде ли тој ден...??? Ден кој ќе ја замени ноќта во која патувам... Ќе можам ли повторно да
ја почуствувам светлината, да го дофатам сонцето...? Ќе можам ли да ја отфрлам тагата од
моето лице, да ја навлечам маската на блесокот и сјајот...?



Велат надежта последна умира...но сепак умира... Оваа ноќ мојава засекогаш згасна, потоната
во далечината, носена од згаснатите sвеsди, фрлена на брегот на недофатливоста. Но сепак не
е важно, не повеќе... И не велам дека не се обидов. Но неуспехот го згасна и последниот жар
кој беше останал да свети. Се обидов да се смејам, се обидов да кажам се е во ред кога знаев
дека не е така, се обидов да ја сокријам тагата одрекувајќи ја негирајќи ја... Не сакав да си
признаам дека се лажам самиот себе... Се борев со се...но сепак не успеав. Наседнав на
стравот кој го зароби моето срце, го направи ранливо и кршливо... Како да го поседуваше
најмоќното оружје кое за миг ме совлада и ме фрли на колена... Повторно на местото од кое се
обидував да се исправам долго време, а беше доволен само еден потег да се вратам таму.
Сега кога сум повторно на дното сваќам дека е тоа местото на кое му припаѓам, местото од
каде што никогаш нема да избегам. Но веќе немам ни сили ни моќ да го сторам тоа...дното е
мојата адреса, болката е мојата среќа, тагата е мојата насмевка, мракот е моето сонце,
осаменоста е мојот сопатник...а стравот е мојата судбина...










76 skatījumu
 
komentāri
zulkarnejn 28.12.2013

Надежшта е во времето

Blogs
Blogi tiek atjaunināti katras 5 minūtes