Фрази кои се употребуваат-
55, Macedonia

„ Му наби рогови / рогоња и сл. „

- една од анегдотите од која потекнува оваа фраза е за некој француски Крал. Кралот, кога посебно ќе му се допаднела некоја грофица или друга дворска дама со сина крв, има обичај нејзиниот сопруг да го испрати на лов, за да во меѓувреме ја освои неговата сопруга.
Изневерениот сопруг морал обврзно, како доказ дека ја извршил кралската наредба, да донесе еленски рогови.
Затоа оние во дворецот кои знаеле за што се работи со потсмев го викале „рогоња„ или „ оној кого жената му набила рогови.„



„ Му паднала секирата во медот„

- некогашното пчеларство многу се разликувало од сегашното. Многу одамна, на почетокот немало домашни пчели , па оние кои сакале мед, морале да одат во шумата и со секира да лупаат по дрвата за да најдат шуплини каде пчелите го сместувале медот, па кој има среќа ќе најде. Дамнешното собирање мед било чиста среќа.



„ Теле во шарена врата„

- ова води потекло од времето кога шарена површина значела дека нешто е испишано на неа. Се употребувало кога некој незнаел да чита и го споредувале со теле во шарена врата - знаеме колку фајде има од читање кога е во прашање теле.



„Пирова победа„

- оваа фраза се употребува кога некој ја остварил целта која ја посакувал, но притоа платил превисока цена ( повеќе губиш отколку што добиваш ). Потекнува од грчкиот крал Пир кој во 3 век пне решил да и се спротистави на моќната римска империја која сакала да го заземе и неговото кралство. При тоа изјавил „ Уште една битка и изгубив„ . Така и било, Пир победил во неколку битки на почетокот на војната но на крајот ја изгубил империјата од многубројната римска армија.



„Те донесе штркот„

- добро, знаеме дека штркот не носи деца во буквална смисла на зборот, но оваа фраза потекнува од средниот век, кога паровите кои имале проблеми со добивање потомство, ги советувале да пијат чај од лековитото растение Geranium Robertianum, што во буквален превод значело Штрков кљун.

243 skatījumu
 
komentāri
vilijam 08.08.2016

za zal denes se poveke telinja ima

LadyM68 LadyM68 08.08.2016

Има ... *ROSE*

mak2008 07.08.2016

Колку ловџии познавам да знаеш... *YAHOO*

mak2008 07.08.2016

највише ми се свиѓа тоа за ловџиите....

LadyM68 LadyM68 07.08.2016

:D :D :D

temi 06.08.2016

:-) Go isprevrte redosledot, prvo e strkot a za kraj se rogovite *JOKINGLY* *KISSED* *GIVE_HEART*

LadyM68 LadyM68 06.08.2016

*JOKINGLY* Прав си *YAHOO*

Blogs
Blogi tiek atjaunināti katras 5 minūtes